„Денес во единствениот парк во општина Чаир, имавме многу пријатна семејна прошетка со Беким Сали, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и неговото семејство. За жал, заеднички констатиравме дека паркот е во лоша состојба и сѐ повеќе се намалува под притисок на бетонизацијата и урбаниот хаос”, изјави Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје по средбата со Сали.

Арсовска истакна дека со Сали се договориле за ревитализација и проширување на паркот во Чаир, како и изградба на нови големи зелени површини во Чаир и во Скопје кои ќе бидат меѓу врвните приоритети и на општина Чаир и на градот Скопје.

„Зелените површини не се само места за релаксација и одмор, туку ќе бидат и места исполнети со содржини кои ќе придонесуваат за зближување на сите граѓани на град Скопје. За наше Скопје”, додава Арсовска.