Данела Арсовска продолжува со деструкцијата во Град Скопје. По многуте скандали со ЈСП, Паркови и зеленило и останатите јавни претпријатија деновиве својот политички реваншизам одлучи да го насочи кон претпријатието Комунална хигиена.
Радио Лидер дознава дека Дрисла предводена од Данела Арсовска не ги прифаќа камионите затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ собирале смет без нејзино знаење.
Ова е уште еден од многуте докази кој покажува дека Данела Арсовска своите менаџерски способности ги чува за некои други времиња бидејќи градот тоне во ѓубре.