Неспособноста на институциите од градот Скопје повторно излегоа на виделина и скопјани се гушат во смет. За таа цел заедно со механизацијата и човечките ресурси од ЈКП „Гази Баба 2007“ со поддршка од Општина Илинден и Општина Петровец вечерва на повеќе локации во Гази Баба ќе го собираме сметот од улиците Можам да ветам граѓаните да бидат спокојни и целокупниот смет од улиците ќе го подигнеме иако ова е целокупна надлежност на градот Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“ ние не смееме да дозволиме како општествено одговорни лица кои се носители на јавни функции да граѓаните во Општина Гази Баба да се жртви и да се небезбедни по однос на нивното здравје и нормално да се загадува животната средина, вели градоначалникот Бобан Стефковски.

-Во текот на целата вечер ќе преземеме низа активности и заедно со директорот ја Јавното комунално претпријатие ќе бидеме на повеќе локации со цел да го превенираме ова што се случува во целиот Град Скопје и во Општина Гази Баба. Ќе работиме на повеќе точки особено во урбаните средини низ Гази Баба и се надевам дека до утринските часови ќе успееме да ја нормализираме оваа состојба, истакна тој.