Рускиот тенисер Данил Медведев е победник на АТП тенискиот турнир во Дубаи, откако во финалето за само еден час и осум минути го совлада бранителот на титулата Андреј Рубљев со убедливи 6-2, 6-2 .

Со триумфот во Дубаи, Медведев ја продолжи победничката серија. Ова за него е трет освоен турнир за три недели, откако го подигна победничкиот пехар и во Ротердам и во Доха, а во изминатите три недели оствари 14 победи. За Медведев ова беше 18-та титула во сингл во кариерата.