Одличен избор за појадок или вечера кој брзо се подготвува дома. Овие пирошки се највкусни додека се уште топли, но нема да пречат ниту ако останат за подоцна.
За тестото се потребни следните состојки: 350 грама брашно, 150 грама варен компир, 20 грама квасец, една кафена лажичка сол, 50 грама путер, две жолчки и околу 1,5 децилитри млеко. За подготовка на филот потребно е да обезбедите 150 грама шунка, 1,5 децилитри кисела павлака, свежо сецкан магдонос и малку бибер.
Постапката започнува така што ќе замесите тесто од брашното, варениот и претходно пасиран компир, солта, жолчките, путерот, претходно подготвениот квасец и топлото млеко. Додека тестото малку се одмара, подгответе го филот за полнење: шунката ситно исецкајте ја на коцки, зачинете со бибер по вкус, додадете го сецканиот магдонос и павлаката, па убаво измешајте ја целата смеса.
Потоа, тестото расукајте го во кора со дебелина од околу 0,5 сантиметри и со нож исечете правилни правоаголници. На средината на секој поединечен правоаголник, по должина нанесете од филот и внимателно обликувајте пирошки од целата количина тесто.
Кога сите пирошки ќе бидат оформени, спуштајте ги една по една во добро загреано масло и кратко пржете ги сè додека убаво не поруменат од сите страни. Испржените готови пирошки вадете ги и ставајте ги врз кујнска хартија за да се исцеди и впие вишокот на масло. Сервирајте ги на трпезата додека се сè уште топли, во комбинација со свеж јогурт или кисело млеко и младо кромитче.
