Овој срам никогаш нема да си го испереме, вели проф. д-р Драган Даниловски, коментирајќи ги обелоденетите криминалии со лековите на пациентите од Онкологија.

Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се:
И овој да не е од „таквите“?
Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“.
Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!
Едит:
Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж…, пишува Даниловски.