Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар на социјалните мрежи напиша дека Алијансата за Албанците за скандалот во Клиниката за онкологија алармирала уште во декември 2022 година. Но, никој не реагира и тоа се сметаше за бескорисна реакција.

„Не сакам да верувам дека е вистина, инаку белиот мантил станува црн, Хипократовата заклетва се претвора во активност на Менгеле, а веќе нема ни М од медицината.Како доктор со дведецениско искуство, чувствувам срам, срам и гадење поради овие постапки, кои изгледаат како настани од минатото и ги претворија зградите на надежта во логори на смртта“, додава Таравари.

Според него, најкомплицирана е штетната порака што се испраќа до новите генерации.

„Законот мора да биде безмилосен“, порачува лидерот на Алијансата за Албанците.