Предлог-закони за понизок коефициент и фокус на минималната плата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави шест законски предлози со кои се предвидува намалување на коефициентот за пресметка на платите на избрани и именувани лица. Со измените се опфатени функционерите, пратениците, министрите, судиите и јавните обвинители.

„Изминатата недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе шест закони со кои се намалува коефициентот на платата на функционерите, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, со тоа се докажува дека се работи на случајот. Пред една година беше зголемена минималната плата, а Република Македонија враќа долгови кои и беа останати од изминатото раководство и се трудиме да ги намалиме долговите, Владата работи на зголемување на минималната плата, на зголемување на платите на професорите, во здравството“, посочи Софиа Даштевска потпретседателка на правната комисија на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“.

Нов закон за високо образование и став за ЕУ

Даштевска изјави дека во изминатиот период се подготвува нов закон за високо образование, кој, според неа, треба да донесе подобрување на квалитетот.

„Во изминативе две години се подобруваат работите, актуелно е изминативе две недели имаме спремен нов закон за високо образование со кој се подобрува квалитетот на високото образование. Македонија веќе долги години е во преговори за влез во Европската Унија, секако дека на Македонија и е местото во Европа но не по секоја цена, ние сакаме фер процес со исполнување на копенхашките критериуми, последниот услов не се уставните измени“, посочи Даштевска.