Александар Даштевски од Државната изборна комисија(ДИК) денеска изјави дека на 1.480 гласачки места во 80 општини право на глас имаат вкупно 1.814.317 граѓани.
Вели дека веќе се гласа два и пол часа.
„Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на обработка“, рече Даштевски.
Вели дека тоа се лица кои не се пронајдени на списокот, а некои посериозни проблеми нема. Над 15.000 граѓани веќе гласале.
Наредната прес – конференција ќе биде во 13.30 часот кога ќе информираат за текот на гласањето и излезноста.