Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција во 9:30 денеска, соопшти дека гласањето во поголем дел од земјава се одвива непречено, но и дека на одредени гласачки места се појавиле технички проблеми околу уредите за фингерпринт.
Гласачките места се отворија во 7 часот, и гласањето во најголем дел се одвива непречено. Во одредени избирачки места се појавија проблеми со раководувањето на уреди. Во некои избирачки места не може да се земе отпечаток, но процесот трае така што се остава отпечаток во списокот во делот на отпечаток за прст – рече Даштевски.
Даштевски кажа дека во моментот немаат целосни податоци околу излезноста, и дека тие ќе бидат соопштени на следната прес-конференција.