Де Брујне изминатите две недели беше во составот на белгиската репрезентација за мундијалските квалификации, а по враќањето во Манчестер резултатот од задолжителното ковид тестирање покажа позитивен наод. Белгискиот репрезентативец е во самоизолација и со сигурност ќе го пропушти првенствениот натпревар против Евертон овој викенд.
Де Брујне позитивен на Ковид-19
Д
Тренерот на премиерлигашот Манчестер сити, Пеп Гвардиола, објави денеска дека во следниот период нема да може да смета на услугите на играчот Кевин де Брујне поради позитивен тест на коронавирус.