Граѓаните ќе добијат известување за укинувањето на казните и паричната сума што ќе им биде вратена, сите тековни постапки ќе бидат стопирани.

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за законот за укинување на одредени казни, изречени за време на епидемијата на корона вирусот, за кои Уставниот суд одлучи дека се неуставни. Граѓаните ќе добијат известување за укинувањето на казните и износот на пари што ќе им биде вратени. Сите процеси кои се во тек ќе бидат стопирани.

Така, партиите од владејачката коалиција го исполнуваат своето предизборно ветување, а опозицијата предупредува дека има редовни механизми за приговори и дека власта ги наградува оние кои ја соборија претходната влада на Јанез Јанша на протестите.