Дебармаалци први на оро. Со чашка ракија и мезе ја продолжија 95 годишната традиција. Точно напладне, со „Ој Вардаре Македонски“ и „Македонско девојче“ ја прославија новата година и го предадоа кумството.
Прославата догодина ќе ја организира Михаил Гаревски. Со кршење на погачата и предавање на бајракот, тој го презеде кумството од Диме Синадинов.
Новиот кум порача дека ваквата традиција е многу важна и не смее да згасне.
Старите скопјани се особено горди на традицијата. Таа трае од изградбата на Идадија во 1928. Обичајот почнува истата година и скоро цел век е задолжен за зачувување на стариот градски дух.