Според српските медиуми, белградскиот сплав „Фристајлер“, кој синоќа потона само неколку минути по полноќ неколку лица, меѓу кои и нуркачи, со часови се обидуваат да го закаќат со сајли за да спречат целосно потонување на сплавот.

Внатре е една група луѓе, пишуваат белградските медиуми, а претпоставката е дека се работи за работници на објектот.

Неколку од нив го врзале со сајли за да не потоне сплавот целосно. Според пишувањата на медиумите, сплавот се повеќе тоне, а во него има се повеќе вода.

Засега е познато дека се повредени две девојчиња, кои боси истрчале од водата и се расекле на скршено стакло.

Сите гости кои беа таму за новогодишната ноќ се евакуирани, а денеска излегуваат детали од целиот инцидент.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека, според неговите информации, сплавот потонал затоа што на него имало два до три пати повеќе луѓе од дозволеното, како и поради тоа што додадените понтони на сплавот не биле со иста издржливост како и оние што беа таму претходно, пренесува Телеграф.

„Ќе се обидеме да извлечеме поука од ова за никогаш да не се повтори, да одговараат оние кои следниот пат ќе пуштат повеќе луѓе од пропишаното. Ќе треба да пропишеме и тестирање на квалитетот на понтонот, за да станат јасни условите колку луѓе можат да влезат. Ќе имаме контроли, казните ќе бидат драконски, ќе одговараат и кривично, без разлика дали нешто се случило или не“, рече градоначалникот.