Доктор Зоран Божиновски информира дека популацијата од најмала возраст, па се до 18 години најчесто се соочува со деформитети на стапалото, колкот и рбетот.
-Годишно се прават околу 7.000 прегледи на деца, некаде од 500 до 800 неделно што е една прилично голема бројка која што укажува на превенцијата на детската возраст во периодот на нивниот развој. Од сите овие деформитети за околу 10 отсто од нив најчесто се вршат оперативни зафати на Клиниката за ортопедија во клиничкиот центар за да тие деформитети се корегираат, изјави Божиновски.
Истакна дека појавата на коронавирусот предизвикала намалување на овие прегледи, но дека моментално бројката варира во зависност од рестриктивните мерки наметнати од Владата.