Пријавувањето, како што објави ТВ24, ќе започне од крај на недела преку сајтот вакцинација.мк и преку матичните лекари, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во некои градови каде што нема постари пријавени, старосната граница за вакцинација се намалила на 40-45 години. Филипче најави дека вакцинацијата за нив ќе се стопира и ќе бидат повикани постарите кои се пријавиле дополнително на сајтот меѓу новите 130 000 граѓани.