Дел од корисниците од улиците „11 Октомври“ и „Македонија“ во центарот на Скопје утре ќе останат без вода поради дефект на приклучна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата 11 Октомври бр. 8.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без вода од 8:30 часот се до завршување на интервенцијата.