Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Аврам Писевски“ 54, „158“, „171“ и „173“ во населба Чаир.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Аврам Писевски“ 54.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.