Во големата полициска акција за која информиравме изутринава , откриен е магазин со нелегални лекови во Чаир. Претходно информиравме дека акцијата се спроведува на подрачјето на Скопје – Чаир, Тетово и Гевгелија,а е насочена кон разбивање на криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и коруптивни кривични дела.
Првично и неофицијално шест лица се уапсени, се трага по уште неколкумина, (меѓу нив има и лица вработени во Царинската Управа). Полицијата тресе на повеќе од 10 тина локации низ горе споменатите градови.
Во Скопје и Тетово при претрес во правниот субјект пронајден е магацин со различни медицински лекови и машина за екстракција на масло.
