Корисниците од улицата „11 Октомври“ во општина Центар со број 86 и број 52 денес од 10:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички интервенции во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.