Повеќе населени места во скопскиот регион денеска, 26 септември, ќе бидат без електрична енергија. Најавениот прекин ќе започне во 7:30 часот и ќе трае до 16:00 часот.
Според известувањето од ЕВН Македонија АД, без напојување ќе останат корисниците во Црвена Вода, Китка, Батинци, Студеничани, Морани, Долно Количани, Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Палиград, Алдинци, Вцетово и Драчевица.
Од ЈКП „Водовод и канализација“ информираат дека за денеска не се најавени прекини во водоснабдувањето.
