Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје.
Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без електична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Влае“, „Франце Прешерн“, „Ацо Шопов“ и „Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Општина Карпош.
Во периодот од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од зградата бр. 107 на бул.„Партизански Одреди“ во Општина Карпош.
Во периодот од 12:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Шар Планина“ во Општина Ѓорче Петров.