Корисниците од скопското село Бојане утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички интервенции во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.