Тој воедно ја предводеше делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ и положи цвеќе пред спомениците на Првото заседание на АСНОМ и Методија Андонов Ченто и пред споменикот на првиот претседател на Крушевската Република Никола Карев во Скопје.

– Честит ИЛИНДЕН !!! Нека ние вековит денот на РЕПУБЛИКАТА, нека овој празник биде темел на единството и љубовта кон Македонија. Многу великани го дадоа својот живот за слободна и независна Македонија, затоа нашиот поклон кон сите нив ќе биде вечен. Нека ни е за многу години празникот, да живее Република Македонија, порача Мисајловски.