​Украинската делегација пристигна со хеликоптер во белорускиот регион Гомел на местото за преговори со Русија, јавува дописникот на РИА Новости.

Од кабинетот на претседателот на Украина соопштија дека во делегацијата се министерот за одбрана Олексеј Резников , шефот на фракцијата „слуга на народот“ и заменик министерот за надворешни работи. Отворените прашања на масата се запирање на огнот и напуштање на територијата на Украина од страна на руските воени сили.

Претходно Руската делегација пристигна во Белорусија и изјави дека е подготвена да ги чека претставниците на Киев до 15 часот. Претседателот на Украина кој што вчера изјави дека нема да присуствува на преговорите, ги оцени како клучни наредните 24 часа за неговата земја и рече и дека не очекува резултатите од преговорите.

Властите на Белорусија соопштија дека место за одржување на разговорите меѓу украинската и руската делегација е подготвено и објави слика од долга маса со руски и украински знамиња. И покрај отворената поддршка на Белорусијан кон Русија, Украина се согласи да испрати дипломати на локација во близина на украинско-белоруската граница.

Меѓу време нови eксплозии се пријавени во Киев и Харков и како што објави Скај њуз, во Украина потои загриженост дека белоруски падобранци би можеле да бидат распоредени да се борат против украинската војска. Неименуван висок претставник на американското министерството за одбрана на новинарски брифинг изјавил дека напредувањето на русите наидува на жесток отпор, оценувајќи дека „украинците пружале жилав отпор“.

Руската војска денеска најави безбеден коридор за украинските цивили да го напуштат главниот град Киев, јави Би-Би-Си. Руското Министерство за одбрана соопшти дека население од Киев може слободно да го напуштат главниот град по автопатот Киев-Василков и нагласи дека вооружените сили на Руската Федерација напаѓаат само воени цели, додека цивилното население не е во опасност. Инаку Рускиот претседател Владимир Путин упати застрашувачки предупредување до западните нации дека акцијата во Украина ќе доведе до последици кои никогаш не ги виделе.Советот за безбедност на ОН за денеска свика итна, вонредна седница на Генералното собрание каде што сите членки на организацијата треба да се изјаснат за како што велат руската инвазија врз Украина. Резолуцијата, предложена од САД и Албанија, синоќа ја усвоија 11 земји. Русија гласаше против, Обединетите арапски емирати, Кина и Индија- воздржани. Согласно овој тип на резолуција, вето не е можно .