Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е двоење во шахта на водоводна мрежа со пречник од еден цол на улицата „Ванчо Мицков“ бр.61 во населба Тафталиџе. Корисниците ќе бидат без вода се додека екипата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не заврши со интервенцијата.

Заради чистење и хлорирање на Резервоарот за питка вода – Матка, утре од 9:00 до 13:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од селата Долна и Горна Матка во Општина Сарај.