Од анализиран 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 се од Алфа сојот, 25 се Делта и шест Бета, додека пак 340 се под мониторинг.

Во Грција, преовладува Алфа варијантата со 13.560 потврдени случаи (81,7 отсто од вкупниот број мутации), потоа е Бета со 101 случај, Делта со вкупно 54, Ета со десет (од кои два нови), Гама со два случаи и еден случај на Капа.

Од 54-те случаи на Делта мутацијата, првпат откриена во Индија, повеќе од половина, односно 30 се во градот Ираклио на островот Крит, а од кои 14 се поврзани по проверката на контактите на веќе познат случај.

Останатите 24 позитивни случаи се во различни делови на Грција: осум во поширокиот регион на Атина, пет во Солун, четири на островот Лезбос, два на островот Парос и по еден на Халкидки, во Коринт, во областите Евија и Ахаија и на атинскиот аеродром,