Квинсленд повторно воведе задолжително носење маски и го ограничи собирањето во домови. За време на викендот беше воведена двонеделна блокада во најнаселениот австралиски град Сиднеј, како и во Дарвин на северот на земјата.
Според Би-Би-Си, бројот на лица заразени со делта сојот во Сиднеј се искачи на 128, и ова е првпат по неколку месеци да се откриваат жаришта на повеќе локации низ целата земја. Сега, со некаква форма на заклучување или ограничување се опфатени повеќе од 10 милиони Австралијци.
-Влегуваме во нова фаза на пандемијата, предупредија австралиските власти.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, рече дека во областа вчера биле регистрирани 18 нови случаи од 59.000 тестирани.
-Треба да бидеме подготвени за значително зголемување на бројот на нови случаи, сега кога се бориме со нова варијанта, рече таа.