Во последните 24 часа, учеството на позитивите кај испитаните примероци бил 6,4 проценти, што е големо зголемување во споредба со 3,7 проценти од претходниот ден, додека зголемувањето на новоинфицираните на неделна основа е 19 проценти.
Се проценува дека сè уште има 871 активен случај на инфекција во земјата, просекот на еднодневни инфекции во последната недела е 70, а 14-дневната инциденца на инфекции се зголемува и сега изнесува 41,3 на сто илјади жители.
Словенците одат кон нов бран пандемија
Според епидемиолозите и здравствените власти, земјата се движи кон нов бран пандемија, кој е поврзан со ширење на заразната, делта варијанта, која според последните анализи стана доминантна.
Досега 37,5 проценти од населението примило целосна доза на вакцини потребни за заштита од потешка форма на болеста, а надлежните апелираат сите други што можат да се вакцинираат овој и следниот месец, бидејќи има доволно вакцини, а најавуваат и ограничувања за оние кои до есен нема да го сторат тоа.
Меѓу 222 примероци секвенционирани во Националната здравствена лабораторија кои биле тестирани во неделата од 11 до 18 јули, 210 се од делта сојот, што значи дека станала доминантна верзија над другите соеви, јавуваат словенечките медиуми.
Според регионалната дистрибуција на оваа варијанта, која е најчеста на југоистокот и северозападот, може да се претпостави дека е поврзана со поголеми групи матуранти кои престојувале во летните одморалишта во Шпанија на почетокот на месецот, пренесуваат медиумите.