Како што соопштија од владината прес-служба, за време на планираната активност, медиумите и пошироката јавност ќе можат да се запознаат и да посведочат за начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање, како и да се запознаат со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.

На настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон – генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

По завршување на настанот, обраќања ќе имаат министерката Шекеринска и генералот Де Ла Круз.

Со овој настан, ќе се одбележи официјалното вклучување на воздушниот простор на Република  Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.