Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски, кој живее и работи во Италија, вечерва ќе ја има честа да настапи пред бројната публика на стадионот „Олимпико“ во Рим и тоа за да ја испее химната „Денес над Македонија“ пред почетокот на фудбалскиот меч Италија – Македонија, објавува Спортманија.

Нацоски денеска имаше и генерална проба, веруваме дека неговиот глас ќе биде мотивирачки за македонските фудбалери и во хор заедно со Фалангата која ќе биде на трибините да ја згрмат химната.

Благој е вљубеник и во спортот и во Македонија, не пропушта мечеви на нашата репрезентација кога игра во Италија, беше присутен и лани во Палермо, кога извојувавме незаборавна победа во баражот за СП.