Денеска облаци, сонце и можен слаб снег
Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а на одделни места ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 4 до 12 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до четири степени, а максималната ќе достигне до десет степени.
Викенд со засилен ветер, од недела стабилно и потопло
Во текот на викендот ќе продолжи да дува засилен ветер од северен правец. Денеска на повеќе места ќе има услови за слаб снег.
Од недела следува стабилизирање на временските прилики. Се очекува период на претежно стабилно време со повисоки дневни температури.
