Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер

Денеска се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ветерот ќе дува слаб до умерен од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 8 степени, додека дневната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура во градот ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Променливо време со можност за локални врнежи

До средината на следната седмица времето ќе остане променливо и потопло, по што дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

Во среда се очекуваат слаби локални врнежи од дожд. Од попладневните часови во среда и во текот на четвртокот ветерот ќе се засилува, а долж Повардарието и во источните делови повремено ќе биде силен, со брзина што на одредени места ќе надминува 50 km/h.

Во петок се очекува ветерот да го смени правецот во југоисточен, што ќе донесе промена во движењето на воздушните маси и свежи поветрувања во повеќе делови од земјата.