Денешните дојави за бомби за училишта и други објекти во Скопје, исто како и во Кавадарци, се лажни, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) откако се направени сите потребни проверки.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,велат од МВР.

Денеска дојави за бомби имаше во едно основно училиште во Кавадарци, девет скопски средни училишта, како и во Министерството за надворешни работи (МНР), Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, „Ист гејт мол“ и кулите на „Џевахир сити“.