Професорката Весна Јаневска, обраќајќи се до министерот за образование, Јетон Шаќири, јавно го коментира случајот од Велес, каде што ученик од основно училиште нападнал професорка.

Министре Јетон Шаќири,

1. Не е за пофалба тоа што книги стигнале до учениците во декември.

2. Гледате ли како функционира, односно не функционира ДПИ?

3. Гледате ли што се случува во ДИЦ? Што превземате?

4. Гледате ли какви обуки, односно никакви обуки, им се одржуваат на наставниците во работно време? Што превземате?

5. Слушате ли дека речиси секој ден има дојави за лажни бомби? Ќе превземете ли нешто децата барем малку да научат покрај толку губење часови?

6. Гледате ли дека лажни дипломи се издаваат за високо образование? Што превземате?

7. Слушате ли дека има булинг во училиштата? Што превземате?

8. Гледате ли како деликвенти тепаат учителка? Што превземате?
ГЛЕДАТЕ ли дека ТЕПААТ УЧИТЕЛИ? Има ли ова дно уште длабочина? Тепаат учители, книги во декември им стигнуваат, со лажни дипломи се китат и вработуваат.

Гледате ли? Слушате ли? ДОСТА Е! ПРЕМНОГУ Е!, коментира Јаневска.