ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека денеска поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација кои ќе работат од 8 до 14 часот на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.