Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат дел од корисниците во неколку скопски општини.
Според соопштението од РЦУК Скопје, од 08:00 до 10:00 часот струја нема да имаат корисниците на ул. Борис Трајковски Бр. 1 (Пегла), Влез 1, како и мал дел од становите во истиот влез во општина Кисела Вода.
Во општина Сопиште, прекинот ќе трае од 08:30 до 16:00 часот и ќе ги опфати улиците 1, 10, 11 и 12. Во општина Центар, дел од ул. Рилски Конгрес и дел од ул. Партение Зографски ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот.
