Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во државата,

Во чест на полицискиот старешина Африм Буњаку, кој вчера беше убиен во напад на вооружена група на северот од државата, претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Началникот на косовската полиција, Буњаку беше убиен, а уште еден граничен полицаец беше ранет во вчерашниот напад од група од, според косовското МВР, околу 30 маскирани и униформирани лица, кои поседувале тешко оружје, во селото Бањска, кај Звечане во северно Косово.

Премиерот Албин Курти на социјалните мрежи објави дека наредникот Буњаку бил „убиен од терористи во раните утрински часови на линија на должност, заштитувајќи го територијалниот интегритет и владеењето на правото на нашата земја“.

Извор: Expres.mk.