Регионот продолжува да биде завиен во црно, а освен „ден на жалост“ во Косово, синоќа двојно убиство и во БиХ. Двете тела биле пронајдени во пекара во Завидовиќи, пишува босански Аваз.

„Во 21 часот и 17 минути полицијата во Завидовиќи добила пријава дека во улица „Златних љиљана“ било употребено огнено оружје. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот пронашла две безживотни тела на жена и маж“, потврдил Елведин Фишек, портпарол на полицијата во Зеничко-Добојскиот кантон.

Голем број полициски службеници по добиена пријава излегле на терен. Тие ги испрашуваат сведоците и се обидуваат да ги утврдат сите околности на настанот.

Пред пекарата има автомобил мерцедес со подигната хауба, но не се знае дали ова возило е поврзано со несреќата. Аваз неофицијално дознава дека мажот со иницијалите М.Х. со ловечка пушка ја убил работничката во пекарата А.Д..