Денеска се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка.
Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок. Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ Мадитски.
Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.
Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.
Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа, по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква.
Од Ираклија заминува во Светата земја и таму останува до својата длабока старост живејќи во подвизи,пост и молитви. Две години пред нејзината смрт и се јавил ангел кој што и рекол дека треба да се врати во својот роден град,каде што на земјата ќе и го предаде телото а душата на Господа.
По нејзиното враќање во родниод град Епифат веќе никој неможел да ја препознае бидејќи немала роднини а и неколку децении била отсатна од градот. Крајот на својот живот го минала со работа,пост и молитви без да дознаат нејзините сограѓани која е.Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка по нејзината смрт ја погребале надвор од христијанските гробишта.
После многу години од нејзината смрт во градот требало да се погреба давеник, бидејќи тој бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана светицата. Кога го отвориле нејзиниот гроб забележале дека нејзиното тело не е распаднато ама на тоа не обрнале внимание,го положиле удавениот морнар врз неа и го го затвориле гробот.
Ноќта на еден од работниците кој што учествувал на погребот по име Георгије на сон му се јавила светицата облеана со светлина,седната на царски трон и опкружена со војници. Еден од војниците му се доближил,го фатил за рака и му рекол дека многу згрешиле тоа што го сториле претходниот ден.
Потоа станала Преподобната Мајка му кажала која е и со зборовите дека неможе повеќе да ја трпи смрдеата на телото на удавениот морнар,му наредила да ги извадат нејзините мошти и да ги положат на некое чесно место. Утредента Георгије им го раскажал сонот на неговите роднини и сите заедно веднаш се упатиле кон гробиштата. Кога пристигнале таму виделе насобрано многу луѓе,истиот сон го сонувала и една жена по име Јефтимија. Насобраната маса решила да ги откопа моштите на светицата и да ги погреба во Епифат во црквата св.Петар и Павле.