Денеска Германија гласа на предвремени парламентарни избори

Д
Свет 23.02.2025. 09:34
Избори во Германија 2025 година

Германските гласачи денеска на вонредни парламентарни избори одлучуваат кој ќе управува со владата во наредните четири години. Последните анкети јасно покажуваат водство на конзервативните сестрински партии ЦДУ-ЦСУ, зад нив се ултрадесничарите АФД, а анкетите покажуваат драстичен пад за социјалдемократите. Во кусата, но макотрпна предизборна кампања – миграцијата и економијата доминантни теми пред изборите за Бундестагот.

Конзервативците жестоко нападнаа за економските политики на владата на Шолц. кандидатот за канцелар на опозицијата Фридрих Мерц, изјави дека е уверен оти коалицијата ЦДУ/ЦСУ ќе победи на парламентарните избори, нагласувајќи дека левицата во таа земја е „готова“.

Лидерот на ЦСУ, Маркус Седер рече дека доколку Мерц биде избран, во Германија „конечно повторно ќе има буржоаско-конзервативна политика“. Ја отфрли и можноста за коалицирање со партијата на зелените или со ултрадесничарите од алтернативата за Германија, велејќи дека членовите на АФД со години патуваат во Русија на настани, поради што, како што наведе, се под силно влијание на Москва.


Подкаст

Подкаст