Гласањето почнува денеска кога се изјаснуваат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците и притворениците.

Според податоците на ДИК ќе гласаат 1.409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови и шест внатрешно раселени лица.

Од ДИК информираат дека во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари.

Во недела нема да се гласа за градоначалник во Маврово- Ростуше и Центар Жупа. Во овие две општини ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа.