Просветителот Св. Климент Охридски зад себе оставил големи дела, но и големи зборови.
Денес го чествуваме неговото големо име, кое е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.
Свети Климент е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Во продолжение, ги споделуваме неговите мудри зборови:
„Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш.“ – Свети Климент Охридски.