Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје рано претпладне со значителна облачност, која веќе до пладне ќе се намали и попладне ќе биде сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 15 степени.
Во недела утрото ќе биде постудено, а преку денот ќе преовладува сончево време. Од понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд.