Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Попладне кон планинските делови со услови за краткотрајна нестабилност. Tемпературата се очекува да достигне до 29 степени.

Од утре ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува во среда и четврток. В среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро, особено во посеверните делови ќе биде посвежо.