Белгиецот Рог, кој настапи на три последователни олимписки игри (1968, 1972, 1976) во дисциплината едрење, а во младоста беше и рагби играч, застана на чело на олимпиското движење во јули 2001 година, наследувајќи го на функцијата Бразилецот Хуан Антонио Самаранч.

– Целото олимписко движење е во длабока жалост поради загубата на голем пријател и страстен љубител на спортот. Прво и најважно, Жак беше вљубеник во спорот и беше со спортистите, пренесувајќи ја својата страст кон спорот на сите што го познаваа. Неговата радост во спорот беше заразна. Тој беше успешен претседател, кој помагна во модернизација и трансформација на МОК, изјави претседателот на МОК, Томас Бах, кој го наследи Рог на должноста во 2013 година.