Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Во текот на ноќта во западните предели ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела ќе се задржи променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат невообичаено високи за овој период од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.