Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека станува збор за огромен скандал тоа што истражители на АНБ вршеле рекет на бизнисмени.

Прашањето е што барале вработени во АНБ да соработуваат за рекет со криминалното подземје?

Заевизмот и луѓето од власта партискиот рекет кој го видовме со Катица Јанева го претворија и во државен рекет овој пат со Агенцијата за национална безбедност.

Зошто АНБ наместо да се гржи за националната безбедност се грижи и врши рекет на бизнисмени?

Кои луѓе од власта на Заев се вмешани во овој скандал?

И зошто нема одговорност за челните луѓе од АНБ? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.