ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМОТЕВИЦИ
Денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, но попладне ќе има услови за изолирани врнежи од краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а максималната ќе достигне меѓу 25 и 30 степени.
ВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ
Во главниот град ќе преовладува слична состојба – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе се искачи до 30 степени.
ПРОГНОЗА ЗА НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Според УХМР, од петок кон почетокот на следната недела под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. На одредени места се очекуваат обилни врнежи над 20 литри на метар квадратен.
В петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура значително ќе опадне и ќе се движи меѓу 10 и 13 степени.