Тој во денешната изјава информирше:
– Денеска се очекува да стигнат близу 40.000 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека, а во текот на утрешниот ден 100.000 вакцини на Синофарм преку донацијата од Кинеската армија и веднаш ќе бидат распределни по веќе определените канали за имунизација. Продолжуваме да ставиме акцент на постарите граѓани дополнително пријавени после пресекот на 30 Април кога беа пријавени околу 140.000 граѓани вкупно, а сега се околу 160.000. Околу 9.000 од пријавените се над 70 години.